Со 30 години искуство, квалитет и традиција зад себе, денес печатница Уни Конзум е една од најголемите и најуспешните печатници во Република Македонија.
Почнувајќи со производство на картонажа во 1992 година, следејќи ги современите трендови во печатарската индустрија, компанијата денес располага со повеќе метри квадратни производствено – административен простор и високо квалификуван менаџерски тим и три книжарници. Нашата печатница е пример за компанија која се држи во чекор со современите стандарди и светската технологија. Тајната за успехот лежи во високото ниво на иновативност, флексибилност и прецизност во нашето производство, како и целосно почитување на желбите на нашите клиенти.

Тимот на Печатница Уни Конзум е составен од искусни професионалци кои се целосно посветени на производството на врвни производи и на грижата за корисниците. Дополнително, компанијата е целосно отворена за вработување млади луѓе со што го поддржува локалниот економски развој. Печатницата во својот состав има и одделение за графички дизајн и подготовка за печат што овозможува клиентите да добијат целосна услуга, од осмислување до финален производ
